Најновата претстава на АТО центарот „8 % “, беше изведена во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.Претставата е работена според истражување и интервјуирање на лица од различни градови во државата кои биле изложени на дискриминација, семејно насилство и системски неправди. После неколку месеци истражување на режисерот и авторот, како и работата со актерите, во претставата се раскажани и претставени различни вистини кои ни најмалку не се пријатни, сензитивни за македонскиот народ како и за системот.Вистини кои лицата се плашат да ги кажат на глас. Вистини кои друштвото не ги препознава или најстрашно – ги одбегнува. Заклучокот од истражувањето и пораката на АТО Центар заедно со театарскиот тим до јавноста е дека: “Системот сме ние, и ние го градиме системот! ОДГОВОРНИ СМЕ СИТЕ!” Автор и Режија – Јован Ристовски, ко – Автор – Весна Куслеска, костимограф – Марта Дојчиновска, драматург – Билјана Крајчевска. Во претствата играат: Марија Стефановска, Наталија Ристевска ,Соња Михајлова, Никола Пројчевски, Петар Горко. Учествуваат и Ивана Атанасоска, Весна Софронијевска, Биљана Тодоровска. Координатор: Александра Десковска.