Денес со почеток од 20.00 часот во Битолскиот театар ќе гостува претставата „Дон Жуан“ во изведба на Народниот театар „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија. Имено минатиот месец Битолскиот театар го започнава чествувањето на 80-тиот роденден, кое ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14.11.2024. Во рамките на прославата има серија гостувања на театри од земјата и од регионот. Започнаа со гостувањето на независниот театар „Артерариј“ од Хрватска со со претставата ,,На дното на океанот, постојат некои светови“. Второто гостување, претставата од Зрењанин е претстава што содржи став и стил. Од 17- тиот век на Молиер, тие ја реконструираат оптиката, логиката и синтаксата на генерацијата што доаѓа. Тоа го прават без квазимодернизација, или приземни социо-политички алузии. Режисерот и актерите тоа го постигнаа единствено со разбирање на своето и класичното време на жанрови. Режисер: Игор Вук Торбица, драматург и адаптација на текст: Тамара Бијелиќ, сценограф и костимограф: Вељко Стојановиќ, музика: Марко Мариќ, музички соработник: Вишња Обрадовиќ .Улогите ги толкуваат: Дон Жуан – Иван Ѓорѓевиќ, Зганарел – Дејан Дедиќ, Елвира – Сања Радишиќ Суботиќ, Гузман – Дејан Карлечик, Дон Карлос – Миљан Вуковиќ, Дон Алонсо – Љубиша Милишиќ , Дон Луј – Првослав Заковски, Франциско – Јован Торачки, Шарлота – Едит Тот, Матурина – Јелена Шнеблиќ, Пјеро – Стефан Јуанин, Господин Диманш/Дебелиот Лука – Мирко Пантелиќ, Девојката – Јелена Кесиќ .
Влезници можете да набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола 🌐 https://narodenteatarbitola.com