„Од кога започна се… Со љубов продолжува“.
Приказна што не избледува, исплетена низ времето, во секој облик на љубов и посветеност, што ја чува и негува традицијата. Денес, таа инспирација продолжува да живее во секој момент, како нишка што ги поврзува сите времиња. Таму каде што орото и песната се мост меѓу вчера и утре. Таму, со љубов продолжува…
Со огромно задоволство го најавуваме јубилејниот концерт – вечер што ќе ги обедини сите четири периоди од 70-годишниот континуитет на КУД „Илинден “ Битола. Концертот “Од кога започна се… Со љубов продолжува…” ќе се одржи денес, 13.12.2025 во 19:30 во големата сала на НУ Центар за култура Битола.

