Асоцијацијата за фолклор Плетенка од Битола, на 11.06 ќе го одржи својот годишен концерт во Центарот за култура.
Пред посетителите, вљубениците во фолклорот ќе ги изведат: Преспанските игри, Битолско, Калајџиско оро, Малашевка, Водарки и други.
Оваа година АФ.Плетенка одбележува 21 година постоење. Асоцијација за фолклор „Плетенка” од Битола е формирана со цел да се изучува, негува и презентира македонскиот фолклор и култура во земјата и во странство.
Главна цел е запознавање на помладите генерации за нашата традиција, нашите корени, нашиот ентитет, затоа што тоа е базата која го сочинува и карактеризира еден народ.
Концертот ќе се одржи со почеток во 19 часот.