Синоќа амфитеатарот на Тумбе Кафе беше преполн, на концертот на младите музички таленти како завршен јавен настап на школата „Изучување на традиционалните инструменти од Битолското Поле“.
Најмладите таленти покажаа што научија во изминатите 12 месеци. Вчерашниот настан, придружуван од Детскиот фолклорен ансамбл на КУД Илинден од Битола, преку ората “Црногорка”, “Шетано”, “Буфчанско”, “Малешевка”, “Единајсторка”, “Ситна Лиса”, “Право – Тешко оро”, “Демирхисарско Невестинско”, “Еремија”, “Скудринка”, “Пајдушко” и “Копачка”, како и песните “Мала Стана”, “Огреала месечина” и “Седело Ѓуре Дос”, беше приказ на научените вештини, живописна таписерија на нашите трајни традиции, исткаени со нишки на страст, посветеност и длабока љубов кон нашето богато културно наследството.
Проектот Изучување на традиционалните инструменти од Битолското Поле, на КУД ИЛИНДЕН од Битола се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2 финансирана од ЕУ, кофинансиран а од Општина Битола, а ја споредува Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).