Меѓународниот натпревар по пијано ПИЈАНОФЕСТ се одржува во Битола од денес до 12 јуни. Оваа година по 4 ти пат ќе биде реализиран овој успешен натпревар и ќе испише нова страница од своето постоење. Имено ќе се одржи во Палатата на културата – Офицерскиот Дом – Битола, во една од најубавите и најакустични сала во Р.Македонија и пошироко, а учесниците ќе ги изведуваат композициите на прекрасното концертно пијано “Bosendorfer”, кое недоамна беше префрлено од Битолскиот Завод и Музеј.
Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Д-р Тони Коњановски, како и организаторките од здруженето Пијано: Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска. Пријавените ќе се натпреваруваат во Пијано соло и Пијано дуо, во 12 категории (6-22), односно ученици од основно музичко, средно и студенти од Факултет.
Реномирана жири комисија и оваа година во состав: Дино Имери, Драгомир Братиќ, Љилјана Вукеља и Кристина Петролари.
Оваа година на натпреварот има 80 учесници, а се отвори со концертот на Гоце Златев.
Организатор на натпреварот е здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО во соработка со Културно информативниот центар во Битола.
На натпреварот ќе биде доделена и парична награда за лауреатот со што би се дало еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми а кои еден ден ќе бидат наша гордост и ќе не претставуваат во светот.