Home » Влатко Деловски и Владимир Ѓоргиевски првите битолчани што го искачија Ајгер 3970м

Влатко Деловски и Владимир Ѓоргиевски првите битолчани што го искачија Ајгер 3970м

by culturalchat

Членовите на СКК. Вертикал од Битола, Владимир Ѓоргиевски и Влатко Деловски, го искачија АЈГЕР (Eiger) 3970 м. -кој се смета за срцето на алпинизмот од 20 век. Ајгер заедно со Матерхорн го држат култот во алпинизмот од 19 до средина на 20 век. Како никој друг, она што денес за промоција на rock climbing го прави Олимпијадата (нов спорт во семејството на олимпизмот од 2020), своевремено Ајгер го направи за популаризација на алпинизмот. Целата таа драма и натпревар што беше се случил околу тоа кој прв ќе го качи Ајгер – последната неискачена северна страна на Алпи, драматизирана со загинати околу искачувањето во 1938 и проследена со воајерската буржоазија која со дурбини од Гринделвалд го гледаше искачувањето на алпинистите во живо; потоа, средбата со Хитлер на германско-австрискот тим кои први го искачија врвот итн, беше вистинска гладијаторска борба (постои и прекрасен филм за Ајгер).„Посебно задоволство ми прави што нашиот клуб СКК Вертикал – Битола (единствен клуб од Битола што се занимава со качување) го понесе признанието и за Матерхорн, истакнува Деловски.

Имено минатата година Влатко и Владимир го искачија Матерхорн од италијанската класика и се првите Македонци што го искачија врвот од Червинија во еден ден.„Воедно јас и Бабушот сме ПРВИТЕ БИТОЛЧАНИ што го искачиле Ајгер, што секако е мал придонес за историјата на планинарството во Битола. Се’ на се’ уште едно прекрасно алпско искуство! Благодарам на Св. Климент, св. Пантелејмон, на Бога и на универзумот што имавме прекрасно време, што не беше случај лани за Матерхорн. Благодарност и до Општина Битола – официјална страница за скромниот придонес“, додава Влатко.

 

 

 

Related Articles