Home » Виолинистот Марко Поп Ристов и виолончелистот Исак Харачиќ ќе настапат во Битола

Виолинистот Марко Поп Ристов и виолончелистот Исак Харачиќ ќе настапат во Битола

by culturalchat

На 21. Февруари со почеток од 19 часот, во Офицерскиот дом – КИЦ Битола, концерт ќе одржи виолинистот Марко Поп Ристов заедно со Исак Харачиќ на виолончело. На програмата се – Соната за виолина и виолончело од М. Равел и “In the Web” од Б. Содерберг Квин, кои воедно ќе бидат битолски и македонски премиери. Концертот е организиран во соработка со AICS Тирана во рамките на проектот „Culture and Creativity for the Western Balkans“ cc4wbs, проект финансиран од Европската унија @europa.ba, кој има за цел поттикнување дијалог на Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор со цел поголемо социо-економско влијание.

Марко Поп Ристов дипломирал на Ројал Колеџ оф мјузик (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата магистар по камерна музика на музичкото и драмско училиште Гилдхол во Лондон, а во истиот период го имал и своето деби во Барбикан во 2012 година. Има добиено повеќе први награди на различни интернационални натпревари. Свири како солист со Кенсингтон симфонијата (Британија), Orchestra dei Ragazzi (Италија), Битолскиот камерен оркестар и оркестарот на Македонската филхармонија. Од неговото одење во Нов Зеланд во 2013 година, Марко е редовен изведувач во Филхармонискиот и Камерниот оркестар на Окланд, а воедно е и водач на втори виолини во оркестарот „Бах музика“. Во 2019 Марко го оформи клавирското трио Orion Piano Trio со кого во истата година остварија турнеја низ Европа со 7 концерти. Во 2021 Марко  доби целосна стипендија за докторски студии на универзитет Waikato University во Нов Зеланд.

 

Related Articles