Home » (Видео) Давор Неќак ја освои публиката во Сплит во улогата на Фигаро

(Видео) Давор Неќак ја освои публиката во Сплит во улогата на Фигаро

by culturalchat

Премиерата на Росиниевото дело „Севиљскиот бербер“ ја воодушеви преполната сала во ХНК Сплит, потврдувајќи уште еднаш зошто оваа опера е едно од најомилените дела во оперскиот репертоар. Под водство на маестро, диригентот Иван Хут, а во режија на Крешимир Доленчиќ, своето деби во улогата на Фигаро, ја имаше битолчанецот, баритонот Давор Неќак.„Се чувствувам одлично, „липо“, возбудено и среќно после премиерата. Фигаро е улога која секој млад баритон ја посакува, всушност би се осмелил да кажам дека таа е првата “круна” во кариерата на баритонот. Напишана е доста високо која ја прави технички комплицирана, а посебен предизвик е да ја пеете можеби најпознатата арија на светот – Ларго ал фактотум“, ни изјави Давор.

Имале само две недели проби, но со одлична и детална припрема пред првата проба, и прекрасни професионалци кои му помогнале да напредува во улогата,  успеал заедно со колегите да ја постават целата претстава.Росини не е само еден од најпочитуваните италијански и светски оперски композитори, кој создавал со моцартова леснотија и брзина, туку е и автор токму на најпопуларната комична опера на сите времиња – „Севиљскиот бербер“. Неговиот неисцрпен извор на мелодиска инвенција го промени оперскиот свет, и ако на тоа ја додадеме неговата постојана ритмичка живост, зачудувачка оркестрација, не е ни чудо што ужива во два века популарност. Следната изведба со Неќак во улогата на Фигаро е на 16.март. Погледнете како изгледаше атмосферата на премиерата, преку фото галеријата на Марио Буличиќ.

 

 

 

 

Related Articles