Home » Вечер на Илинденски денови: „Убавината на дрвото“ – изложба на копаници од ореово дрво

Вечер на Илинденски денови: „Убавината на дрвото“ – изложба на копаници од ореово дрво

by culturalchat

Во рамки на 55. Илинденски денови, публиката ќе има ретка можност да се сретне со традиционалната македонска дрворезба – низ делата на двајца исклучителни копаничари од исто семејство. Веселин Поповски и Васко Поповски – Пикуло ја претставуваат уметноста на копаницата како тивок, но моќен јазик на меморијата. Изработени од ореово дрво – материјал со благородна текстура и цврст карактер – овие дела се хроника во дрво. Секоја копаница носи мотив, гест, секојдневие, емоција – изрезбарена со рака, трпение и знаење пренесено низ генерации. Изложбата на копаници од ореово дрво, „Убавината на дрвото“, ќе биде презентирана во НУ Завод и музеј – Битола, со почеток од 19:00 часот.

Related Articles