На Новата сцена на НУ Центар за култура Битола, „Бабец театар“ од Битола ќе ја изведе претставата „На гости кај Кате и Фреда”, во режија на Јован Ристовски. „Бабец театар“ по повод 14от роденден, на децата во Битола ќе ја подари својата најнова премиера. Претставата е дел од годишната програма на Министерството за култура за 2024 година и ќе биде изведена надвор од натпреварувачката програма.
Драмскиот детски текст “На гости кај Кат и Фреда” важи за еден од најдобрите германски современи драмски дела наменети за детската популација, односно за возраст од 5 +. Во Македонија за прв пат е поставена детска германска драматургија. Оваа исклучителна драма е важна бидејќи ја разработува темата за промени, инклузија, прифаќање и неприфаќањето на различностите и една од најважните теми – емпатијата. Фабуларната приказна на современиот германски драмски текст кој ја разработува темата за социјална кохезија и емпатија е современа приказна за две другарки кои прифаќаат да дојде непознат гостин кај нив дома. Преку присуството на третиот лик кој доаѓа на гости двете најдобри другарки ги изместува од нивната комфортна зона. Преку присуството на непознатото трето девојче, се октриваат различни однесувања и ставови на двете најдобри другарки, преку кој се открива чинот на прифаќањето или не прифаќањето, флексибилноста за промени, стравот од непознатото, чувството за солударност и спротивно на тоа, себичноста. Авторката нуди прекрасна приказна за разојот на емпатијата помеѓу луѓето, децата – особено кон незаштитените и ранливи групи. Театарскиот проект се залага за правилен развој на децата, поттикнување на емоционална интелигенција преку осознавање на меѓучовечките релации. Овој германски текст беше успешно реализиран во 14 театри во Германија, Швајцарија, Шведска и Камбоџа. Преведен е на 12 јазици.
Целта на оваа претстава е да се упати порака дека ништо друго, ниту изгледот, ниту материјалните средства не се важни во животот, како што е однесувањето. Доколку го живееме животот чесно, со добро срце и љубезен однос кон сите ќе напишеме приказна која вреди да се раскажува. Неодамна со оваа претстава Бабец театар гостуваше во Албанија во рамките на Македонското културно лето.