Денес, среда, 15ти ноември, во 19ч, ќе се одржи премиерата на театарската претставата КУКЛЕН ДОМ по текстови на Хенрик Ибзен, како и по авторски материјали на Билјана Крајчевска. Претставата е во продукција на Интимен Театар Битола, а режијата е на Софија Ристевска Петрушева. Во самата претстава играат актерите Валентин Дамчевски и Катерина Аневска Дранговска. Овај проект е поддржан од Министерството за култура, а ќе се одигра во просториите на Приватната Установа за социјална заштита на стари лица ДОМ СОФИЈА Битола.
На 16.ти ноември, вторник, во 14 ч, исто така во просториите на Приватната Установа за социјална заштита на стари лица ДОМ СОФИЈА Битола, Интимен Театар ќе одржи финална презентација на резултатите од мноштвото работилници одржани со старите лица, во рамките на интердисциплинарниот проект ‘Современите перформативни уметности како алатка за подобрување на квалитетот на живот на старите лица”. И овај проект е исто така поддржан од Министерството за култура.