Home » Вечер во Битола концерт во чест на професорот Петар Сидовски-Пепи

Вечер во Битола концерт во чест на професорот Петар Сидовски-Пепи

by culturalchat

Државното музичко училиште – Битола Ве поканува на концерт Requiem Si-Do во чест на на едно големо име кое со својот живот и дело и денес е светлина за многу генерации ученици и музички уметници – Петар Сидовски-Пепи. Концертот ќе се одржи денес  од 19 часот во КИЦ Офицерски дом-Битола.  Преку звуците на музиката Музичкото училиште ќе оддаде почит на еден професор, диригент, човек кој поголемиот дел од својот работен век го помина во Државното музичко училиште во Битола, живеејќи за возвишената уметност, музиката.

„ Денес, тој не е меѓу нас, но неговото име и дела се проткајуваат низ постоењето на нашето училиште, од самиот зародиш, а преку неговите бројни ученици – сѐ до денес. Затоа со овој концерт кој е инициран точно од неговите ученици сакаме да му оддадеме почит на професорот Петар Сидовски – Пепи. Зборовите нема да можат доволно да ја искажат нашата благодарност кон него, затоа пак, музиката ја има таа моќ“, истакнуваат од училиштето.

За одржувањето на концертот свој придонес дадоа професорите, учениците и надворешни музички соработници. Во продолжение фотогалеријата, преку која се доловува само еден мал дел од работата на професорот Сидовски.

 

 

Related Articles