Министерството за култура и туризам, донесе Решение за избор на директор на Националната установа, Народен театар Битола, по претходно распишаниот јавен оглас во дневните весници Вечер, Слободен печат и Коха. За вршител на оваа должност е назначен Васко Мавровски, со мандат од 4 години. Имено врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа и член 29 став 1 и 2 и член 30 став 2 од Законот за културата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на предлог на Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на НУ Народен театар Битола го донесе ова решение.
Во образложението на Министерството стои:
„Согласно член 29 став 1 и 2 од Законот, директорите на националните установи се избираат за време од четири години и може повторно да бидат избрани, а согласно член 30 став 2 од Законот, министерот за култура и туризам го избира и разрешува директорот. Министерот за култура и туризам формираше Комисија за селекција на кандидати за избор на директор на НУ Народен театар Битола. Комисијата оствари увид во една пристигната пријава и утврди дека кандидатот Васко Мавровски поседува стручни и професионални квалитети за извршување на функцијата директор и ги исполнува општите и посебните услови утврдени во огласот. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков врз основа на предлогот на Комисијата, одлучи и оцени дека Мавровски ги исполнува исполнува општите и посебните услови утврдени со огласот, како и тоа дека поседува стручни и професионални квалификации за извршување на функцијата директор, а доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2025-2029 година ја оцени како позитивна и со квалитетна развојна компонента како и во насока за економско зајакнување, заради што одлучи како во диспозитивот на ова Решение“.Мавровски од септември минатата година беше в. д. директор на Народниот театар во Битола, инаку актер кој подолго време е член на ансамблот, а има одигранo поголем број улоги.Мавровски е и основач и на детскиот театар „Петар Стојковски – Бабец“ од Битола и организатор на Интернационалниот детски театарски фестивал “Битолино“. Со неговото доаѓање како в.д.директор, театарот во изминатиот период постигна исклучителни резултати. Изминатите месеци беа реализирани повеќе премиери на театарски претстави, посетеноста на изведбите се зголеми и тоа за 30 проценти повеќе, театарските сали се исполнети до последно место, театарот се врати на публиката. 80 годишниот јубилеј на театарот беше одбележан со изведбата на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, во преполна сала, претставата и ансамблот беа поздравени со бурни и долги аплаузи.Пред Новата година беа изведени и две детски претстави во рамките на програмата на НТБ на претстави за најмладите и мотото „Театарот повторно на децата“.„Благодарност за целиот тим на Битолскиот театар, кој веруваше и верува во мотото „Театарот повторно твој“. Работиме се со цел да го вратиме театарот каде некогаш беше“, ќе истакне Мавровски. Започнати се и проектите за унапредување на условите за работа, реконструирана и опремена е салата за одмор и читачки проби во НУ Народен Театар Битола, тн. „Белата соба“, тука е проектот за дигитализација на репертоарот, набавен е софтвер за дигитално архивско работење. Тука е и трајната постановка на наградите и признанијата, видео надзорот со кој се заштитува сопственоста на Народен театар Битола. Ќе има видео снимки од театарските претстави, во меѓувреме се реновираат многу простори каде актерите работат во текот на подготвување на претставите. Оваа година, како што не информираше Мавровски, се става фокус на претстави на македонски автори и режисери, и тоа започна да се реализира. Имено 2025 Битолскиот театар ја започна со праизведба на македонскиот текст “Жиголо” од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски.Покрај тоа и неколку претстави се вратија на сцена.