Со наслов „COLORS OF MACEDONIA“, Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски го најавуваат
настанот во Битола кој низ музика ќе ја раскаже македонската приказна. Музичкиот проект ќе се одржи на платото на Офицерскиот дом, на 5. Август, со почеток од 21 часот.
Музичарите како Алек Секуловски, иноватор ,професор и специјалист по тапани,кој што има богата музичка кариера,и живее и работи во Торонто, Давор Јордановски, композитир и клавијатурист исто така живее и работи низ целиот свет, Александар Петров перкусионист кој живее и настапува моментално во Дубаи, Филип Динев гитарист кој живее и работи во Хамбург Германија, и уште многу други музичари, на чело со Вера Милошевска, нам добро познатиот женски вокал, ќе ја облагородат битолската музичка атмосфера, со музика инспирирана од многуте векови натрупаното македонско музичко богатство, преточена во модерна музика.
Не го пропуштајте ова музичко патување, поддржано од Општина Битола во рамките на Бит фест 2024.