На 02.11.од 20 ч. во изложбениот салон на ДЛУБ, ќе биде презентирана изложбата “Блиски сеќавања“, на фотографката Вера Христовска Умка. Се работи за изложба на фотографии која опфаќа дел од урбаниот и амбиентален културолошки дух на градот Битола низ годините наназад. Моменти кои се дел од нашите сеќавања, по природа далечни, а сепак блиски по дух. На изложбата ќе бидат поставени аналогни и дигитални фотографии, направени во период од 2006 година па се до денес. Изложбата ќе биде дел од програмата за празнување на 4 .Ноември, денот на ослободувањето на градот (80 години од ослободувањето на Битола).