Home » Блескав фестивал кој ја слави серенадата во Битола – ноќ за паметење пред Офицерски дом

Блескав фестивал кој ја слави серенадата во Битола – ноќ за паметење пред Офицерски дом

by culturalchat

Долги аплаузи одекнуваа синоќа на платото пред Офицерски дом. Фестивалот кој ја слави серенадата “Ех, таа серенада” ја направи Битола по втор пат музичко прибежиште за оваа музичка форма како македонското музичко наследство. Битолскиот камерен оркестар, беспрекорно ги придружуваше и легендарните македонски музичари и ѕвездите во подем избрани преку претходно објаве  конкурс за фестивалот. Беа изведени 16 нови композиции кои остануваат како свежо музичко богатство кое ги негува македонските музички традиции. Овој фестивал го враќа сјајот на Битола, како најопеаниот град. Исто така е и настан што не само што ја прослави музиката туку и го истакна потенцијалот на Битола како културна и туристичка дестинација. Бројна домашна публика, но и гости-туристи во градот го проследија овој фестивал. Фестивалот “Ех, таа серенада” се организира со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

фото | Сашо Ставрев

 

Related Articles