Home » Благој Мицевски и Илија Талев за Лајбах како идеологија

Благој Мицевски и Илија Талев за Лајбах како идеологија

by culturalchat

На долгоочекуваниот концерт,  на Лајбах , музичката сила која го преобликува пејзажот на уметноста, културата и активизмот од 1980-тите, па наваму, присуствуваше публика и од другите граови и држави, но пред се наши реномирани уметници кои ги следат Лајбах од самите нивни почетоци.Па така костимографот Мицевски зборуваше за оваа група како моден стил, моден правец.

„Интересно е што новите генерации ќе имаат можност да ја видат таа естетика. Се започна уште во 80.години со МТВ кога започна музиката да се визуелизира и Лајбах направија прекрасни спотови“.

Со изборот на Битола, како дел од градовите на нивната турнеја „LOVE IS STILL ALIVE”, го ставаме нашиот град   на мапата на светски градови со светски музички настани.

„ Лајбах беше, е и останува феномен кој е тешко да се сфати. По се изгледа авангардниот колектив сака да остане тоа така и понатаму, го прави она што го сака по секоја цена и музички е попродуктивен од кога било досега. Иако ова може да изгледа многу разновидно, тоа беше маестрално дизајнирана целина, во која Лајбах го покажа обемот на своите вештини во сите негови аспекти“, истакнува Илија Талев.

Овој настан, организиран од Центарот за култура и Фестивалот на музика од светот  еволуира во значајно поглавје во музичката одисеја на фестивалот што со овој потег им пркоси на конвенционалните граници.

 

Related Articles