Home » Битолчани наградени на Златна бубамара на популарноста

Битолчани наградени на Златна бубамара на популарноста

by culturalchat

Со доделување на награди во 25 категории се одржа 27.издание на Златна бубамара на популарноста. Смеа, музика, хумор, мода, забава, но и многу љубов беа дел од годинешната манифестација. Шоуто кое ги наградува најуспешните во културата, музиката и спортот од Македонија и регионот годинава беше под мотото „Кој чека ќе дочека, редно е да има ред“ и „Насмејте се, ќе се сликаме!“

На сцената ги видовме најголемите музички звезди од Македонија и регионот. Водители и оваа година беа Сашко Коцев, Тино и Атанас. Наградата за животно дело ја доби легендата на македонската музичка сцена Драган Мијалковски кој ги разигра и ги распеа сите во публиката.

Меѓу наградените и битолчани. Постхумна награда за животно дело беше доделена на Кире Костов. За Спортска легенда беше прогласен Кире Лазаров, Најпопуларен млад актер – Сергеј Димовски, Албум на годината – „Македонијо, во срце те носиме“ кој содржи 12 стари македонски родољубиви песни обработени од маестро Николче Мицевски.

„ Благодарам на Ранко и Радио Бубамара за наградата за “Албум на годината – Македонијо во срце те носиме”. Навистина оваа награда многу ми значи и мене и на сите оние кои се дел од овој проект. Оваа награда е подеднакво за сите! Благодарам на Скендеровски Продукција за довербата, за ангажманот да го сработам овој албум и за нивната целокупна организација и професионалност на целиот проект. Благодарам на сите изведувачи кои зедоја учество во проектот, дел од нашите најголеми пејачки имиња кај нас како и инструменталисти. Секој од нив донесе своја енергија и изведба! Благодарам на авторите кои ги создадоја овие песни. Благодарам на Дејан Момироски за соработката како за СЕ друго до сега. Благодарност до сите оние кои несебично помогнаја овој проект без кои ова немаше да се случи. Благодарам на моите најблиски за поддршката, како и секогаш! Благодарам публико од срце, ветувам уште многу музика и проекти“, истакна Мицевски.

Останатите награди отидоа кај: Тинејџерска ТВ серија – „Тин-Камп“ Балетска претстава за деца – „Петар Пан“ Трајни вредности за афирмација на танцот – Тодор Миладинов Трајни вредности во народната музика – Нино Величковски Трајни вредности – Д-р Миодраг Врчаковски – текстописец, Спортист на годината – Игор Стефановски-Иџе Спортски успех – Одбојкарска репрезентација Најпопуларен спортист – Никола Ѓоргиев Концерт на годината – Владо Јаневски Трајни музички вредности – Жељко Самарџиќ Актерка на годината – Наталија Теoдосиева Театарска претстава – „Ало, ало“, продукција на Театар „Комедија“Етно песна на годината – Давид Темелков и „Моја Македонија“ Проект на годината – СИМБИОЗА -Танец и НОБ Типографија-дизајнирање македонски кирилични фонтови – Ласко Џуровски Дуо на годината – Александар и Дац Пејачка на годината – Андријана Јаневска Најпопуларна нова институција – Национален џез оркестар Награда за уникатни музички вредности – Рамбо Амадеус Песна на годината – ДНК & Врчак – Посреќна.

На сцената се појави и Жарко Јовановиќ, актер од Куманово, Игор Џамбазов со Гуру Харе имаа впечатлива изведба на „Денови“ од Кочо Рацин и преработка на „Californication“ од „Ред хот чили пеперс“ и други.

Уште на самите почетоци, шоуто стана синоним за настан на кој се доделуваат награди на оние кои навистина ги заслужуваат.Оваа манифестација е една од најголемите културни настани , единствен во својата категорија кој 27 години ја обединува македонската општествена сцена под капата на радоста, смеата и добриот хумор.

 

Related Articles