Home » Битолчанецот Александар С. Трајковски е добитник на „Златна плакета“ на IX Охридски бисер на поезијата

Битолчанецот Александар С. Трајковски е добитник на „Златна плакета“ на IX Охридски бисер на поезијата

by culturalchat

Македонскиот поет и доктор Александар С. Трајковски ја освои ,,Златната” плакета на еден од најстарите македонски литературни манифестации за поезија за својата поема ,,Охриде македонски”. ,,Се чувствувам почестен од доделувањето на угледната награда, задоволството е преголемо што ја добив оваа плакета со златен отсјај на овај фестивал со најдолга традиција во Македонија. Секако ова за мене претставува и голем поттик за уште поупорна и попосветена работа во областа на литературата. Упатувам голема благодарност за жири комисијата, поетесата Милица Паулус и градот Охрид” – истакна Трајковски.Да напоменеме тој е дипломиран м-р. доктор, поет, преведувач и толкувач, од 29 јуни 2021 година, официјално е член и дел НА Македонското научно друштво Битола, од 07 октомври 2022 година член во Клубот на писателите “Коста Солев Рацин“, – Велес и Здружението на преведувачи и толкувачи на Р. Македонија (ЗПРМ). Тој минатата година ја доби Платинестата плакета за најубава поезија на 8. Охридски бисер на поезијата 2023.

 

 

 

Related Articles