Home » Битолски театар со „Брод за кукли“ гостува на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Врање

Битолски театар со „Брод за кукли“ гостува на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Врање

by culturalchat

НУ. Народен театар Битола на 27.10 ќе учествува на Фестивалот ,,Борини позоришни дани,, во Врање , Србија , со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. „Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки. Претставата во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип.  Во битолската претстава играат: Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.Сандра Грибовска Илиевска оваа година ја доби наградата за најдобра млада актерка, на 69-то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, токму за улогите на малата сестра, Алиса, Снежана и Марика од претставата. Превод од српски и драматург: Билјана Крајчевска, сценограф: Валентин Светозарев, костимограф: Александра Пециќ – Младeновиќ, композитор: Димитар Андоновски, кореограф: Андреа Кулешевиќ, тон мајстор: Александар Димовски, светло мајстор: Игор Мицевски, видео проекции: Владимир Переловски, Филип Ошавков.

 

 

Related Articles