По цели 17 години, повторно се одржа манифестацијата „Глумците пеат“, во Македонската опера и балет. За жал, шоуто се одржа без неговиот татко, актерот Марин Бабиќ кој почина минатата, но Бабиќ како да беше присутен во секој стих и во секоја нота отсвирена од „Биг бендот“ на Љупчо Мирковски. Актерите, од речиси сите театри во државава, не се штедеа, приредија спектакуларно шоу за паметење, само како што тие знаат да направат.
Меѓу оние кои настапија беа и неколку битолски актери и тоа : Петар Горко, Катерина Аневска, Бојан Стојков, Маја Андоновска Илијевски. Маја ја испеа „Свирете ја зајди, зајди“, воодушевувајќи ја публиката со перфектно чистиот и силен вокал. Атмосферата дополнително се загреа кога таа заедно со Петар Горко ја испеаа „Чаје Шукарије“.
Катерина Аневска ја изведе „Многу солзи исплакав“ од Маја Оџаклиевска, а настапи и заедно со Мајаи актерката од Скопје Ели Клинчаревска Младеновска.На манифестацијата настапија и Тања Кочовска, Ѓокица Лукаревски, Арна Шијак, Нина Деан, Јелена Јованова, Драган Спасов- Дац, Адриан Азири, Нина Дејан, Нино Леви, Горан Трифуновски, Марина Поп- Панкова, Арна Шијак, квартетот: Билјана Драгичевиќ, Гордана Ендровска, Кети Илиевска и Калина Наумовска, Атанас Тановски и други.
Манифестацијата „Глумците пеат“ ја вратија Маја и Ира Бабиќ, ќерките на Марин, а во режија на Дејан Пројковски. Шоуто заврши со порака дека „Шоуто мора да продолжи“, песна која ја испеа Бојан Стојков заедно со сите актери на сцената, во чест на Марин Бабиќ. Се славеше љубовта, музиката и тетатарот. Се славеше враќањето на една култна манифестација.
Битолските актери воодушевија на „Глумците пеат“
previous post