На 22. и 23. мај се одржа национален настан кој е дел од проектот „Структурен дијалог за Заштита и унапредување на библиотекарството во време на економска криза преку размена на добри практики“ во организација на библиотека Феткин – Кавадарци во партнерство со БЗМ (Библиотекарско здружение на Македонија). На настанот учество зеде и библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски од НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола заедно со библиотекари и директори од 20 Јавни Библиотеки од Македонија.
Проектот е финансиран од Министерството за Култура на Република Македонија.
Краен резултат на проектот е подготовка на универзален документ со препораки по кои би работеле библиотеките со цел унапредување на нивната работа.