Во холот на НУУБ “Св. Климент Охридски” – Битола, беше отворена изложбата на 100 книги, стари 100 години од фондот на Библиотеката “АЛБИ” – с. Бабино.
Книгата е огледало на збиднувањата низ вековите и човековите стремежи кои се реализираат и живеат во пишуваниот збор – книгите кои се печат на едно време.
На изложбата зборуваше м-р Бојан Стефановски директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, сопственикот на библиотеката „Алби“ -Стево Степановски, писателот Добре Тодороски и претседателот на ДПМ Христо Петрески.
По повод Светскиот ден на книгата и авторското право се читаше светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и македонската порака од проф. д-р Ана Стојаноска.
Изложбата ќе биде поставена од 24 до 28 април 2023 година. Со овој настан библиотеката го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право на симболичен начин со цвеќиња кои директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола им ги ги подари на присутните.