„Книгите се подобри пријатели од луѓето.
Тие само даваат, а не бараат ништо“
( Фрајхер фон Минхаузен, германски писател).
Битолчаните секогаш знаат дека книгите се нивните најдобри пријатели. Затоа Битолската библиотека во изминатиов период им овозможи да другаруваат со најчитаните светски наслови, а тие возвратија со редовна посета на библиотеката.
„Читателите од секоја категорија се дружеа со жанрот кој нив најмногу им одговара, а ние се потрудивме да ги задоволиме и најпребирливите“, истакнуваат од библиотеката.
Секоја посета на оваа институција не останува незабележана, па затоа НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година ги наградува најредовните читатели по повод 78 години од нејзиното основање.
„Секој читател е посебен за нас. Секое нивно доаѓање и изнајмување на книги од нашата библиотека ние решивме на симболичен начин да ја наградиме и оваа година“, се вели во соопштението.
Добитниците на наградите се поделени во неколку категории се:
- Најмлад читател- категорија предучилишна возраст со најмногу изнајмени книги : Димитар Алачкоски;
- Категорија – основно образование, добитник е Костадин Христов;
- Категорија – средно образование, добитник е Ангела Брбевска;
- Читател на годината од категорија возрасни во 2022 година е Анастасија Шалевска;
- Категорија -пензионери, добитник Розитка Тодоровска со најмногу прочитани книги во 2022 година.
На наградените читатели наградите ќе им бидат доделени на 24.03.2023 година (петок) со почеток во 11:00 часот во просториите на Библиотекатa (втор спрат – сала за промоции). Овој настан ќе биде збогатен и со доделување на наградите за „Роднокраен автор за 2022 година“.
Добитници на наградите во три категории се:
- Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор одБитола“ ја добива за жал постхумно Владимир Костов за целокупното свое животно творештво
- Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “поезија ја добива Даниела Андоновска Трајковска,
- Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “-проза ја добива Христо Петрески.
Им честитаме на сите наградени и нивните семејства!