По повод Денот на жената, 8.март филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, бесплатно може да се гледа онлајн на вимео. Светската премиера на „Мајки“ беше на фестивалот во Торонто, а европската во престижната програма „Панорама” на Берлинале. Филмот, добитник на неколку меѓународни награди, беше и македонски кандидат за Оскар. „Мајки” беше вброен меѓу 40-те најдобри филмови во Европа од страна на комисија на Европската филмска академија. Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Владимир Јачев, Диме Илиев, Димитар Ѓоргиевски, Марина Поп-панкова, Горан Трифуновски. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, монтажер Жаклина Стојчевска, композитор Игор Василев Новоградска, а продуцент Кристина Калас. Филмот беше претставен и пред публиката на 40-тина фестивали, меѓу кои и: Сао Пауло (Бразил), Истанбул (Турција), Корк (Ирска), Мадеира (Португалија), Минск (Белорусија), Мадрид (Шпанија), Сиракјуз Њујорк (САД), Утрехт (Холандија) и други. Македонско-француско-бугарската копродукција, го отвори и филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во 2010 тата година. Ова остварување ја отвори манифестацијата со својата премиера, означувајќи значаен момент за македонската кинематографија на овој реномиран фестивал.

