Во Пустец, Албанија, седиштето на истоимената општина пред најмладите, нивни родители и други жители беше прикажана претставата „На гости кај Кате и Фреда“ на Бабец Театар, Битола, во рамките на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето 2024″. Во истата играат: Кате-Јулијана Мирчевска,Фреда-Катерина Аневска Дранговска, Миранда-Марија Стефановска.Претставата работена по делото на Ингеборг фон Задов, во режија на Јован Ристовски ја имаше својата премиера неодамна на Новата сцена во Центар за култура Битола . Детската театарска претстава е дел од годишната програма на Министерство за култура и е финансиски поддржана од официјалниот партнер Комерцијална банка АД Скопје .