Од 21 ви јули до 14-ти август, Охрид ќе биде домаќин на четвртиот маратон на комедијата.
Маратонот вклучува дваесет и две шоуа во исто толку денови. Љубителите на добриот хумор ќе можат да уживаат во настапите на Никола Тодороски, Зоран Донев, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Никола Сиљаноски, како и гостите комичари од соседна Србија: Александар Перишиќ, Никола Силиќ и Ненад Шиља Стефановски.
Оваа година SUMMER COMEDY MARATHON ’22 започнува со стендап шоуто на еден од најдобрите балкански комичари Александар Перишиќ со неговото соло шоу “Комплександар“, во Џез Ин.
Перишиќ оваа година влегува во втората декада со занимавање со stand up комедија.
„Со многу, многу настапи (дечкото е мрзлив не води точна статистика) во сите бивши ЈУ. Републики, се смета за еден од пионерите на српската stand up сцена. Важи за еден од политички најНЕкоректните комичари, со посебен акцент на црниот хумор“, велат организаторите на настанот.
Со комедија Перишиќ почнува да се занимава после десетина години соработка со театарот во неговиот роден град Краљево. Тој е победник на првиот “open mic” оддржан во Белград во 2010 година, и таа вечер се случува пресвртница во неговиот живот и кариера. После неколку години се приклучува на сценаристичкиот тим на популарното ТВ шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“ и станува панелист во истото шоу.
Сите шоуа започнуваат во 20:00 часот, а локација на која ќе се одржи маратонот е познатиот клуб Џез Ин, како и керал сцената на Народен Театар Охрид.