Home » ,,Ако останеш дома” на сцената на Битолски театар

,,Ако останеш дома” на сцената на Битолски театар

by culturalchat

Претставата ,,Ако останеш дома” по режија на Јован Ристовски ќе биде изведена во Битолскиот театар на 31. Октомври, четврток и петок, 1. ноември од 20:00 часот. Станува збор за драма во еден чин по мотиви на Карој Сакони, во која главните улоги ги играат Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски.Се работи за секојдневна приказна во која ќе се препознаат млади брачни парови. Инспирацијата за претставата на режисерот му била секојдневието на обичните луѓе.

„Мојот впечаток е дека народот е несреќен повеќе од три децении без разлика која политичка партија е на власт. А сиромаштијата прави лоши состојби во духот кај еден човек. Во преставата мажот и жената се симболично во кафез и во публиката гледаат птици кои што го изгубиле духот и се птици што ја изгубиле сопствената музика“, вели режисерот Ристовски.

Сценографијата на претставата „Ако останеш дома” е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а продукцијата е  од сопствени средства на Битолскиот Народен театар.

 

 

 

Related Articles