На Меѓународниот ден на жената, евроамбасадорот Дејвид Гир, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и Моника Сандри, ВД. директорката на ОН, ја отворија изложбата „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во Скопје.
Една од 12-те протагонисти е Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста при битолската библиотека и и претседател на „Сумнал“ – здружението за развој на ромската заедница. Инаку, Аземовска е добитник на многу награди, една од позначајните е првата ЕУ награда за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција. Изложбата е составена од 12 приказни за извонредни жени кои ги кршат бариерите и стереотипите и докажуваат дека полот не е пречка, туку можност. „Иднина е женски род“ е за 12 извонредни жени од различни сфери на животот: 1. Кристина Атовска, воен известувач; 2. Фатма Бајрам Аземовска, активист за правата на Ромите; 3. Бисера Чадловска, диригент; 4. Стефанија Димеска, пилот; 5. Снежана Караџовска, Тркач со попреченост; 6. Магдалена Јанчова, пчелар; 7. Дороти Пачкова, Активист за правата на самохрани родители; 8. Марта Пејоска, филигранист; 9. Елизабета Петковска, занаетчика со попреченост; 10. Ива Пројковска, фудбалски судија; 11. Макфире Шаќири, возач на автобус и 12. Ленче Здравкин, филантроп, информираат организаторите на настанот. Дизајните ги изработи Зоран Кардула. Во друштво на 12-те протагонистки, извонредни дами од различни сфери на животот, се потсетивме на клучната улога која секоја жена ја има во своето опкружување. На секое девојче му е потребна љубов, но и многу примери низ животот за да израсне во жена. Овие дами се токму тоа – пример за истрајност, волја за живот, храброст, мудрост.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите на Ист Гејт Мол до 8 април 2023 година.