И оваа година Широк Сокак беше обоен во бело, а традиционалната “Бела ноќ“ во Битола по 11. пат се одржа во два дена. Како и секоја година, крајот на Битолското културно лето, беше заокружен со големата сензација во градот на културата, уметноста, музиката. Во име на таа музика, битолчани, но и посетителите од другите градови, но и држави, уживаа во музиката на маестралните НОКАУТ & The Groove.
“Знаеш каде да ме најдеш”, “Временска машина”, “1000 причини за крај”, “Лебедот бел”, “За нас”, “Сакам да живеам” и многу други, беа изведени во еден глас заедно со сите присутни.
На втората вечер атмосферата ја загреваше диџеј Љубиша , а потоа следуваше спектакуларното шоу со еден од најпознатите светски диџеи Дејвид Моралес.
Организаторите и оваа година се погрижија се да помине во најдобар ред .Секоја година најамбиенталната улица, Широк Сокак токму за овој настан е преполна со гости, па така беше е и оваа година, сите заедно на една забава во бела боја. Белата ноќ е доста атрактивна за сите граѓани од Битола, но и од Република Македонија,како и гостите од странство кои секоја година доаѓаат во голем број. Културно-забавната манифестација „Широк Сокак во бело“во Битола започна во 2011 година со настапот на Кирил Џајковски.
Во изминатите години за убавото расположение на повеќеилјадната публика се грижеа светски познати ди-џеи, и тоа Дејвид Моралес, Хернан Катанео, Џуниор џек, Том Нови, Соник, Том Боксер и Морена, Владо Јаневски, “Bang la decks”, Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Нико Ѓоргиевски, Виктор Апостоловски заедно со Камерниот оркестар на Битола, диџеј Љубиша и Ацика, диџеј Боца , диџеј Рикардо, диџеј Андреј Ѓошев, диџеј Robin Master и Mikkel Outzen од Данска и други.