Колку често туристите во посета на нашиот град не воодушевуваат со нивното однесување ни зборува и следната приказна која со нас ја сподели нашата читателка Миме Јанкуловска Миоски, па можеби и ние ќе земеме некој пример како треба да се однесуваме со бездомните животни.
„Носејќи го моето куче на ветеринар,влегувам внатре а во просторијата едно бебе кученце легното, до него двајца млади го опсипуваат со љубов невидена.Слушам германски зборуваат. Го прашав ветеринарот за нив и ми кажа дека го нашле кученцето на улица и го донеле на преглед, а после ревакцина ќе си го земат и во Германија“
Имено луѓето денес требало да си бегаат после еднодневна прошетка низ Битола(биле кампери), но сега ќе останат уште 21ден тука за кучето, за ревакцина и после сите среќни заедно ќе се вратат во Германија.
„Боли што многу вакви бебиња има насекаде низ нашиот град, но и многу се израдував и со солзи радосници морав да ја споделам приказната и да се помолам на Бога што повеќе вакви луѓе да ја посетат нашата Битола па и цела Македонија“,додаде за крај Миме.
Прекрасна позитивна случка за убав почеток на неделата, се надеваме и ние дека ќе имаме можност да пишуваме и за други вакви позитивни случки, благодариме за споделениот настан.