Членови на Здружението за развој на ромската зедница „Сумнал“ беа дел од тренинг на тема „Чекориме заедно со Ромите и Синтите“ кој се одржа од 25. ноември до 2. декември во Рим, Италија. Целта беше да се поддржи еден од приоритетите на програмата Еразмус +: вклучување и различност, со акцент на намалување на степенот на диспаритет во сите полиња, вклучително и родовото.
Поради оваа причина, тренингот ги имаше следните специфични цели:
– сексизам во ромските заедници (три главни теми: семејно насилство, ран брак и здравствена едукација на жените);
– методи за спречување и борба против сексизмот во заедниците; – методи за подигање на свеста на заедниците на Ромите и Синтите;
– промоција на инклузија на луѓе со помалку можности;
– зајакнување и развивање на вештините на младинските работници за да им се овозможи да ги едуцираат младите за успешна борба против дискриминацијата, стереотипите и сексизмот;
– унапредување на родовата еднаквост;
– подобрена интеркултурна свест; – промоција на поголемо активно учество во општеството на младинските работници Роми и Синти; – зголемување на мотивацијата за учество во идно образование или обука по периодот на мобилност во странство;
– подобрување на јазичните вештини (со акцент на англискиот јазик);
– активно вклучување на младите со помалку можности.
Промоција и зајакнување на соработката помеѓу организациите и локалните актери за размена на добри практики и знаења за промовирање на одржливи пристапи и алатки за работа против сексизмот во рамките на заедниците на Ромите и Синтите, земајќи ги предвид потребите на заедниците.
На тренингот учествуваа вкупно 20 учесници од Италија, Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Република Чешка.
Проектот го координира италијанската организација ROWNI APS, а го финансира италијанската национална агенција преку Еразмус + програмата на Европската Унија.“