Доколку сте љубители на планината, планинарењето, Баба планина, сигурно сте слушнале за едно интересно планинарско друштво со уште поинтересно име Турниме да кинисам. Нема кој не ги знае, весели, насмеани, па секоја тура со нив е токму таква, забавна, едукативна, а во исто време се ужива во убавините на природата и планината и се развива свесноста за зачувување на истата. Во Битола има неколку планинарски клубови и сите соработуваат меѓу себе, а тоа е и целта на секој клуб дружењето на планина. Овој клуб односно планинарска еко група, фигурира на фејсбук од пред неколку години. Некаде во 2015 беа првите почетоци на собир, на идеи на неколку планинари чисто како дружба без некоја формалност.
Често се дел од повеќе спортски манифестации кај нас, но и во другите држави и градови од Сплит до Охрид, Скопје и сл. на маратони, планинарски искачувања, спортски тури . „ Да ги поттикнеме младите на здрав живот, со добро дружење и многу смеа“, често знаат да кажат. Неодамна во добро препознатливата атмосфера за овој клуб, го прославија 6.роденден во Демир-Хисарскиот регион. Иако во Турниме да кинисам не се водат по формалности, сепак Благојче Маринов го нарекуваат ПреЦедникот, па ние искористивме прилика и поразговаравме со него. Интервјуто си го правевме на битолски за да ја задржиме автентичноста, а и убаво звучи мора да признаеме.
Б.М.- И оваа година како и секоја обично во лето го правиме роденденот во село Растојца-Демихисарско и тоа дводневно со логорски оган, музика, играње, стандардно седење до сабајле, преспивање во шатори или надвор, а наредниот ден се продолжи со капење во реката во селото. То е би рекле едно од најубавите дружења кое го чекаме секоја година, а воедно правиме и уште една предновогодишна забава исто така од отворен тип во некоја кафана во градот и двете забави се убаво посетени и има убави дружби и моменти шо послем тоа некое време се прераскажува како било и некој интересни случки на нив. Иначе и двете забави и предновогодишната и роденденската пред се се за дружба да се веселат сите и да тоа дружење продолжува и понатаму.
Од каде се имавте гости?
Б.М.- Гости на овие забави па имаме од секаде секоја година некој нови некој стандард ама најмногу и почесто нормално од Битола, а нашите најчести и мили гости ни се од Прилеп и Охрид со кои и најповеќе имаме дружби.
Што се е потребно да се биде ваш член?
Б.М.- Јас само можам да кажам за Турниме да кинисам дека треба само да ја најдете групата да побарате членство и некој од администраторите да ве прибери во групата толку😂, пари не земаме, а ако сака некој можи да дај иако немаме жиро сметка хаха .За крај би додал дека што и да се прави дали планинарење, точак возење,трчање, планинско трчање, алпинизам или други спортски активности, дружбата е оној момент кој ги поврзува луѓето и останува најубав спомен.
За името на групата ни рече:
Б.М.- Името дојде самото. Кога требаше да одиме на некоја тура и некои каснеа па некој рече :ние сме ептен турниме да кинисам вака ако прајме … и така си дојде и самото име и баш станавме под тоа име и препознатливи и интересни.
Колку членови брои групата?
Б.М.- На почетокот бевме неколку души, не голема група ама со самото дружење дали на планина дали на некоја забава станавме препознатливи и интересни и така почнаја да се приклучуваат и други. Почнавме да печатиме маици и тие беа една своевидна промоција за групата и самите интересни со логото.
Препознатливи се и по дружбата со планинари од други градови кои често доаѓаат во Битола за да потоа се оди на некоја тура на Пелистер.
Б.М.- Како се одеше на некој маршеви и дружби планинарски така секој кој беше таму ја промовираше групата и даде свој придонес да е препознатлива и денес, а воедно преку тие дружби се остварија контакти не само со друштва во Македонија, туку наши членови воспоставија дружби и со клубови од поранешна Југославија со кој и веќе имаат одено на некој дружби и планинарења заедно. Воедно од спонатана дружба групата ете денес е пепознатлива и низ Македонија и надвор од неа, и тоа благодарение на секој член кој има придонесено на различен начин за тоа.
Која е целта на Турниме да кинисам?
Б.М.- Во овие 6-7 години колку што постоиме кога почнавме како група немавме некоја посебна цел или програма,едноставно првично беше да се дружиме и да правиме некој планинарски тури, али со самото тоа дружење како што одеше од година на година и како покрај планинарењето почна да се оди и на настани за возење точаци па трчање на полумаратони и сега на планинарски трки, секој еден придонесе да се направи би рекол некоја неформална програма каде би учествувал и на шо па така и би ја испромовирал и групата , воедно секој со своите учества на некој настани ја дефинира програмата на групата.
Групата нема некоја цел освен главната-дружење, се другото е составен дел или би рекол од сите настани и дешавки сума сумарум на крај доаѓаме до онај најбитен момент-дужбата меѓу нас а тоа и ги поврзува луѓето .
Каде се сте биле на планинарски тури?
Б.М.- Од досегашното постоење на групата освен планинарските тури нормално низ Македонија каде и најмногу се движиме и дружиме, членови на групата имаја искачувања на планиски врвови во Мароко, Турција, Бугарија, Србија, Грција, Словенија, Италија. Исто би додал како група имаме реализирано неколку акции – однесени клупи и маси на Црвени стени и Жабов кладенец, чистење на Смолево од ѓубре кај делот околу авионите, поставување на јарбол со македонското знаме кај споменикот од НОБ кај домот Неолица, премаркирвање на патеката од с.Маловишта до Свети Спас и тоа се со сопствени средства или донација и др.
За крај ги поздрави нашите читатели, а ние се договоривме следното интервју и дружење пред се да го направиме на една од најубавите планини Баба планина.
Б.М.- Поздрав од преЦедник. Да кажам пак, дека иако фигурираме како интернет група, не сме официјалиизрани како здружение воедно сме и непрофитабилни без чланарини и без обврска на некој да треба да плаќа ,секој кај што оди сам си зема обавеза како ќе ја реализира некоја тура или акција и досега неколку акции што ги имаме направено од карактер за општо добро беа или некоја донација или средства собрани од нас.
Среќен роденден Турниме да кинисам.
Во продолжение уште неколку фотографии од роденската прослава, но и останатите планинарски тури и успеси на Турниме да кинисам.