На ден 30.10 во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, се одржа 19. Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија. На оваа средба учество зедоа голем број роднокрајни писатели кои и оваа година ги доставија своите дела на повикот за изработка на Зборникот од тркалезната маса на тема „На страниците на една книга“. Средбата ја отвори директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски, кој изрази благодарност до присутните за нивната соработка и им посака уште многу години заедно да ја одржуваат оваа роднокрајна средба. Пред присутните гости и писатели се обрати и координаторот на проектот, библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, исто така заблагодарувајќи им се за нивниот целокупен ангажман во креирање на македонскиот пишан збор во Зборник кој ќе остане трајно сведоштво и придонес кон македонската литература и книжевност. На самиот почеток сите присутни има можност да слушнат прекрасна изведба на професорката Николина Поповска која прочита текст напишан од писателот Добре Тодоровски во чест на прерано заминатиот роднокраен автор Панде Манојлов. Присутните гости потоа има можност да слушнат дела од роднокрајните писатели: Добре Тодоровски, Илче Стојановски, Светлана Папачек, Сања Видановска-Мучкајева, Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Муднишевска-Вељановска, Милица Радевска, Биљана Тодоровска, Митра Дупчиновска и Елизабета Јончиќ) кои присуствуваа на средбата. За жал дел од роднокрајните автори кои од оправдани причини не можеа да присуствуваат, но со свои дела го збогатија Зборникот, се: Петре Димовски, Златко Жоглев, Ванде Ганчевски, Биљана Димко, Христо Петрески, Мирјана Стојановска, Никола Илијовски и Јована Матевска Атанасова. Промоцијата на Зборникот од 19.роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија ќе се реализира во рамките на настаните по повод патрониот празник на Библиотеката, а истиот може и да се најде на полиците на истата. За крај неколку ученици љубители на пишаниот збор исто така се претставија со свои творби посветени на градот Битола. Координатор на проектот беше м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.