На 14.03.2024 (Четврток), се одржа првата средба со сите учесници и ментори во Офицерскиот дом (КИЦ Битола). На средбата, учесниците имаа можност да се запознаат со менторите и да дознаат повеќе за програмата на проектот. На 15.03. започна реализацијата на проектот со првата работилница во Офицерскиот дом, организирана од Здружението за едукација во полето на аудио-видео и литературна уметност Латерал Битола. Работилницата помина во супер атмосфера, каде 30-тина учесници, вклучувајќи ги менторите и учениците, се запознаа и ги покажаа своите интереси и афинитети. Во наредниот период, учесниците ќе имаат можност да се вклучат во различни работилници и настани, каде ќе ги развијат своите креативни вештини во областа на аудио-визуелната и литературната уметност. Проектот е поддржан од министерството за култура, како проект од национален интерес за 2024 година. Проектот “Македонската Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности” е насочен кон развивање на креативните способности на учениците од средните и основните училишта во Битола и регионот, преку истражување, едукација и промоција на модели на креативни индустрии. Во рамките на овој проект, учениците ќе имаат можност да се воведат во светот на уметноста и да ги развијат своите креативни вештини. Учениците ќе имаат можност и да ги применат своите знаења и вештини преку креирање на визуелни и аудио-визуелни дела користејќи различни творечки алатки. При реализацијата на проектот учесниците ќе имаат можност да посетат 3 работилници. Во овој проект, уметниците и едукаторите како Игор Трајковски и Гордана Такец ќе им помогнат на учениците да ги развијат своите креативни вештини и да се изразат преку уметноста, преку двете работилници кои тие ќе ги одржат. Членовите на Латерал ќе ги подучат учениците како да користат современи алатки за креирање на визуелни уметности и содржини како дигитални слики, фотографии, графики, поеми и видео записи. Предавачот Марјан Георгиевски, ќе ја одржи третата работилница преку која учесниците ќе имаа можност да осознаат како е да се гради лик од текст на кирилица, како и што значи да се режира текстови на кирилица. Знаењата и искуствата на уметниците и предавачите ќе се испрепрлетат преку предавањата и посетата на 10-те уметнички настани како театарски престави, филмски проекции, изложби, музички настани и друго, по кои ќе следуваат креативни дебати и средби со авторите на делата. Во рамките на овој проект, Игор Трајковски ќе го презентира своето искуство и знаење како лидер на проектот. Тој ќе истакне како од една мисла на кирилица може да се создаде визуелно креативно уметничко дело. Ќе ја презентира неговата изложба од слични проекти во Италија, во кои е испреплетена поезија и визуелни уметности. Сепак, исто така, Гордана Такец ќе ги поддржи учениците да размислуваат и како идеите на кирилица можат да бидат подобрени и трансформирани во високо квалитетни уметнички изрази во поезијата или прозата. Слично ќе направи Марјан преку неговите форми на уметничко делување. Овој проект им овозможува на учениците да ја откријат врската помеѓу јазикот и уметноста, како и да разберат дека идеите и концептите изразени на кирилица можат да станат дел од креативната процесот и да бидат трансформирани во уметност која ќе има влијание врз локалната и широка уметничка заедница. Наредна фаза ќе биде припремањето на Изложба: Во оваа фаза, учениците ќе се подготват за групната мултимедијална изложба, каде ќе ги изложат своите творби кои ги изработиле во процесот на целиот прокет. Оваа Мултимедијална Изложба, ќе биде и Завршната фаза на проектот. Групната изложба, ќе биде местото каде учениците ќе имаат можност да ги презентираат своите уметнички дела пред јавноста. Она на што биле сведоци во процесот на креативно размислување, посетување на уметничите настани и преку дијалозите со менторите, сега младите уметници ќе можат да го покажат пред широката уметничка јавност. Со еден збор, младите учесници кои се јавиле со афинитет кон одредена уметност во првата половина на проектот би прераснале во едуцирана публика, која во наредна фаза на проектот ќе ги претвори повеќето од нив во активни создатели на уметност и сето тоа во знакот на Македонската култура, размислувајќи на кирилица, но творејќи глобално.
Проектот “Македонската Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности” им дава на учениците шанса да го истражат потенцијалот на својата креативност и изразност, како и да го обогатат уметничкото и културното живеење во Битола и регионот. Проектот “Македонската Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности” ги охрабрува учесниците да го истражуваат широкиот опсег на креативно размислување преку различни видови на уметност и култура.