Home » Ревијална изложба дел од проектот “Македонска Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности” наскоро во Битола

Ревијална изложба дел од проектот “Македонска Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности” наскоро во Битола

by culturalchat

Ревијалната изложба со уметнички дела креирани низ работилниците од учениците во проектот “Македонска Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности”, ќе се одржи на ден 13.06.2024 година во Офицерскиот дом, КИЦ Битола, со почеток во 19:00 часот. Овој проект претставува патување низ времето, културата и уметноста на нашата земја, и има за цел да ја истакне важноста на естетиката во сите форми на креативно изразување. Како што рекол Фјодор Достоевски, „Убавината ќе го спаси светот“.

„Верувам дека токму преку убавината и креативноста, можеме да внесеме светлина и надеж во нашето општество“, истакнува претседателот на здружението ЛАТЕРАЛ и автор на концептот на проектот “Македонска Креативност“, Игор Трајковски Фоја.

На изложбата, јавноста ќе има можност да ги види и да ги процени достигнувањата на нашите млади уметници. Оваа изложба ќе биде промоција и на прирачникот “Македонска Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности – Прирачник за Творечко Изразување”. Овој прирачник е сплет на гледишта и трудови од менторите: Гордана Петров Такец, Игор Трајковски Фоја, Марјан Георгиевски и Коста Дупчинов, како и на уметнички творби од сите учесници на работилниците. “Македонска Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности” е проект кој ја слави нашата култура, ги обединува нашите таленти и ги инспирира нашите заедници.

„Со поддршката од менторите и со страста и посветеноста на учениците во овој проект, сигурни сме дека ќе оставиме трајно наследство и ќе ја зацврстиме нашата традиција на креативност и уметничко изразување“, додава Трајковски.

 

Related Articles