Home » Промоција на публикацијата „Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени“

Промоција на публикацијата „Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени“

by culturalchat

Во рамките на јубилејното 55.издание на фестивалот Илинденски денови, ќе биде промовирана публикацијата „Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени“, чиј автор е м-р Љупка Стефановска. Токму со оваа тема Стефановска магистрираше на Катедрата за етнокореологија, на Музичка академија, при УГД – Штип, при што се здобија со титула Магистер по етнокореологија.Кога фестивалската сцена станува предмет на научен интерес – се отвораат нови прашања за тоа како традицијата се гледа, изведува и разбира во современ контекст.
Кога фестивалската сцена станува предмет на научен интерес – се отвораат нови прашања за тоа како традицијата се гледа, изведува и разбира во современ контекст. Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени“ – научно дело што го отвора прашањето: Како традицијата се претставува, комуницира и се трансформира на сцената? Ова е прва самостојна книга на м-р Љупка Стефановска, која низ стручен и аналитички пристап го истражува процесот на сценска адаптација на народните игри, нивната кореографска обработка, ритуалната и културна семантика, како и влијанието на фестивалската форма врз традицијата. Публикацијата ја разгледува тенката линија меѓу автентичност и интерпретација, помеѓу зачувување и уметничка обработка, и претставува вреден придонес за сите што се занимаваат со фолклор, игра, културна политика и сценски уметности.
Фолклорот не е само нешто што се игра, туку како, зошто, за кого и каде се игра.
Ве покануваме на промоцијата, која ќе биде проследена со стручно излагање, осврт од рецензенти и дискусија за естетските, етичките и методолошките аспекти на сценскиот третман на народното културно наследство.

“Денес, за утре” е годинешниот слоган за оваа година на фестивалот Илинденски денови. Тука сме… не за да повториме.Туку да продолжиме. Да пренесеме. Да создадеме ново од старото. Ова е фолклор со иднина. Затоа што фолклорот не е само минато. Тој е иднината што не заборава. Дека денешното има смисла само ако зборува со утрешното. 55 години подоцна – фестивалот уште го поставува прашањето ширум светот на секој меридијан: Кои сме, што носиме и зошто е важно тоа да го кажеме гласно? Затоа сме ДЕНЕС тука, за УТРЕ.

Од оваа година во Државното Музичко училиште во Битола се отвора нова насока: Традициски играч и пејач, каде часовите ќе ги држи токму Стефановска, која фолклорното искуство го градеше долги години на сцените ширум светот како дел од КУД Илинден Битола. Промоцијата ќе се одржи на 27.07 во Кино Манаки со почеток од 19 часот. Настанот се одржува со поддршка од Министерството за култура и како дел од научната програма на „Илинденски денови“ 2025.

 

 

 

Related Articles