Home » Промоција на збирки поезија на Илче Стојановски наскоро во Битола

Промоција на збирки поезија на Илче Стојановски наскоро во Битола

by culturalchat

Во четврток на 31. Октомври, ќе се одржи промоција на збирките поезија од Илче Стојановски во Битолската библиотека, НУУБ „Св. Климент Охридски“. Посетителите ќе имаат можност да ги слушнат поетските зборови од збирките: Сонце во сонот, Вознесение на зборот, Тајната на тишината, Што ни носи денот. Поетско-музичкиот рецитал ќе го изведе Николина Поповска, а ќе учествуваат и Ерзинчан Алилоска, Марија Наумовска и Марјан Тасевски. Настанот ќе биде збогатен со музичка придружба од Владко Симоновски.

Рецензенти се:Илија Мерковски, Весна Муднишевска Велјановска, Илија Крбалески, Николина Поповска.

Промоцијата ќе се одржи со почеток од 18:00 часот во салата за промоции (приземје).

 

Related Articles