„Ова не е убава приказна, туку жестока, силна, особено поради фактот што жената го претставува светот, со своите солзи, сила, пожртвуваност, страдање и сето тоа заедно.Една личност има храброст да се спротивстави на се.Ние се чини дека денес молчиме, не, ништо не правиме, додека ни е добро, а на 600 километри од нас се случува страшна приказна“, алудираше режисерот Диего де Бреа за војната меѓу Русија и Украина, на пресот за новинарите по повод најновата претстава.
Имено, премиерата на „Антигона“ од Софокле, во превод на Милош Ѓуриќ, а во режија на словенецот Диего Де Бреа, беше изведена на 28 мај на Големата сцена на „Оливер и Раде Марковиќ“ на Белградскиот драмски театар.
„Ме интересираше каде е Антигона денес“, изјави режисерот, кој ја потпишува сценографијата во претставата, како и дизајнот на осветлувањето.
Тој ја гледа Антигона како синоним за она што го нарекуваме слобода и единственото нешто што го сакаме, но на скриен начин. Смислата на животот мора да остане во сржта на човекот, дури и на сметка на казната што е невозможно да се избегне“. За него ова е втор потфат во БДП, по изведбата на Брехтовиот „Баал“ минатата година.
„Антигона сама оди против системот и нема заштита. Како да се дојде до ситуација од маж да излезе вистински маж, човечко суштество? Што е тоа денес – да се биде маж? Нас нè интересираа тие прашања во новата „Антигона“, рече словенечкиот режисер.
Долгогодишната соработка со битолскиот костимограф Благој Мицевски продолжи и во оваа претстава.
Во екипата се и: драматургот Ката Ѓармати, сценски говор Радован Кнежевиќ. Улоги: Јана Милосављевиќ, Дуња Стојановиќ, Павле Пекиќ, Ивана Николиќ, Лука Грбиќ, Владан Милиќ, Мина Ненадовиќ и Стефан Радоњиќ.
Трагедијата на „Антигона“ припаѓа на трилогијата на Софокле, која ги вклучува „Кралот Едип“ и „Едип на колоната“.
„Ова е женска драма иако има повеќе машки ликови.Жената е единствениот спас на овој свет.Не знаеме веќе ништо за етика, морал, естетика, убавина, како да глумиме нешто за нашата околина и општество.Ние повеќе не треба да се согласуваме со тоа што не принудуваат“, смета еден од најценетите театарски режисери.