Во Офицерскиот дом – КИЦ Битола, во атрактивниот изложбен простор за ликовните уметници беше презентирана изложбата на младиот ликовен уметник Ферди Булут.
Академскиот сликар ја претстави самостојната изложба насловена “Широк сокак во боја” .Станува збор за циклус на визуелни решенија, презентирани преку женското битие, односно преку визуелен приказ на жената со користење на постапката осветлување, наспроти колористичната симбиоза на композициите. Проектот се реализираше со поддршка на Министерството за култура во рамките на проектот “Култура во лето”.
Ферди Булут е македонски сликар од помладата генерација. Излагал во Македонија, Австрија, Франција, Бугарија, Италија и Турција.