Home » Предавање на тема„Сексуално преносливи болести“ со д-р Ана Вангелов

Предавање на тема„Сексуално преносливи болести“ со д-р Ана Вангелов

by culturalchat

Во просториите на Ромскиот здравствен образовен центар во Битола, беше одржано предавањето на тема „Сексуално преносливи болести“ со д-р Ана Вангелов, специјалист по гинекологија и акушерство.

Докторката Вангелов  зборуваше за сексуално преносливите болести кои се голем проблем, кој ниту една жена не посакува да го има. Но, во денешно време овие болести сè повеќе се распространуваат. Некои од нив покажуваат симптоми и веднаш ќе знаете дека треба да посетите гинеколог, но има и такви кои може да не покажуваат никакви симптоми.

Присутните членови  научија  многу повеќе за сексуално преносливите болести – дијагностицирање и третман.

„И благодариме на докторката Вангелов за посветеното време,  пристапот и предавањето кој што го направи на многу интересен начин и допре до сите млади луѓе со многу прашања и дискусија која траеше два часа“, изјавија од Ромскиот здравствен образовен центар.

Активноста е поврзана со специфичните цели 1.1 и 1.6, но и со 1.3 и 1.4 од Локалниот здравствен акциски план за Роми кој е веќе усвоен од Општина Битола.

 

 

Related Articles