Home » Посета на црквата „Св.Димитриј“ во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“

Посета на црквата „Св.Димитриј“ во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“

by culturalchat

Во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“, членовите на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, ја посетија црквата „Св. Димитриј“ – Битола.

На влезот ги пречека отец протоереј Зоран Димовски. Внатрешноста на црквата е богато разиграна со импозантни галерии на катот, резбан трон за владиката, двокатен иконостас во плитка резба и амвон. Иконостасот потекнува од средината на XIX век и е изработен во плитка резба, а подоцна е гипсиран и позлатен.

„ Целта на посетата е да се зголеми меѓусебното културно разбирање за религијата и обичаите на мнозинството со воведување на уметноста на резба претставена на олтарот и изографија (иконопис) претставена преку иконите околу ѕидовите“, истакнуваат од Сумнал. Во проектот како партнери се вклучени основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“ и “Даме Груев“ од Битола.

„Им благодариме на отец протоереј Зоран Димовски и на ликовниот уметник и иконописец Николче Српчански за нивните излагања”, додаваат од Сумнал. Bo наредниот период ќе ги посетат католичката црква, Музејот и Археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис. Проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот младински меѓукултурен уметнички фонд „Градиме нови мостови“.

 

Related Articles