Директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски ја додели наградата за „Роднокраен автор за 2023- проза“ на роднокрајниот писател Петре Димовски.Ова признание е резултат на неговата посветеност и креативност во писменото изразување, а неговите дела продолжуваат да го збогатуваат културниот живот на нашиот регион. Во чест на неговиот успех, директорот му посака уште многу успех и награди во иднина. Честитки на Петре Димовски за ова заслужено признание! Неговата работа и посветеност продолжуваат да инспирираат и да придонесуваат кон развојот на литературата во нашата заедница.