Home » Патување низ епохите на операта – првиот концерт на класична музика на Бит фест

Патување низ епохите на операта – првиот концерт на класична музика на Бит фест

by culturalchat

На 05.07.2025, со почеток од 21 часот, во Свечената сала, Офицерски дом – Битола, ќе се одржи концертот Патување низ епохите на операта со истакнати оперски музички имиња: Давор Неќак – баритон, Горјана Стојановска – пијано, гости: Биљана Јосифов – сопран, Симон Поповски – виолина.
Давор Неќак е роден во Битола, Македонија во 1998 година. Своето основно музичко образование го започнува како пијанист во класата на проф. Татјана Божиновска а средното образование го продолжива на отсекот соло пеење во класата на проф. Маја Митровска. Своите студии ги завршува на музичката академија во Загреб, Хрватска во класата на проф. Влатка Оршаниќ. За време на своите студии во уште во втора година, положува аудиција во операта во Загреб и го остварува своето професионално деби со улогата на Моралес – Кармен, напоредно учевствува како солист во сите академски оперски и концертни проекти, добитник е на ректоровата награда, остварува три настапи и како солист со Загрепската филхармонија, два пати е номиниран за наградата за најдобар млад солист во Хрватска. Во сезоната 2021/22, станува дел од оперското студио „Џорџо Суријан“ во Риечката опера каде остварува одлични улоги, а една година подоцна (сеуште студент) станува дел од солистичкиот ансамбл во Риечката опера, каде дебитирал во важни улоги како
Силвио „Палјачи“, Јелетски – „Пикова Дама“, Меркуцио – „Ромео и Јулија“. Како еден од најзапазените млади оперски пејачи во Хрватска, една година подоцна добива повик од главната Национална Опера во Загреб каде што е веќе солист втора година со ред. Гостува редовно во Љубљанската и Мариборската опера во продукциите на нивните оперски програми.

Улоги: Гуглиелмо – “Така прават сите”, Алберт – “Вертер”, Папагено – “Волшебната флејта”, Јелецки – “Пикова дама”, Силвио – „Паљачи“, Шонар – „Боеми“, Меркуцио – „Ромео и Јулија“, Леви – „Никола Шубиќ Зрињски“, Млинар Сима – “Еро с онога свијета” Моралес – „Кармен“, Маруло – „Риголето“, Зевс – „Амфитрион“, Сер Амантио ди Николао – „Џани Скики“, Монтано – „Отело“, Пандолф – „Сендрилон“, Колас „Бастиен и Бастиена“, Ван Стин „Моќта на љубовта“, Мајор – „Животинска фарма“, Фигаро – „Прилежници“.

Меѓу концертните настапи се издвојуваат 9 различни продукции на Кармина Бурана ( еден од позначајните е настапот на престижниот Љубљански фестивал), Воен реквием (HRT продукција), Реквием – Г.Форе, Мала свечана миса (ХРТ продукција), Исус во страста на Бах по Иван и Марко, Гала концерти со Загребачка Филхармонија, настап на познатиот оперски фестивал ОПЕРА СЕЛЕКТА во Трогир, Рецитали во Шибенскиот театар, БИТФЕСТ во Македонија, настап на Вараждински барокни вечери како дел од проектот „Лазарус“, настапи на Загреб фест – Томиславац, настапува на посебни гала концерти во Словенија, Австрија и Швајцарија. Соработува со диригенти како еден од најпознатите диригенти во оперската светска сцена мо. Пјер Џорџо Моранди, и мо. Иван Репушиќ мо. Марчело Мотадели, мо. Филип фон Штајнакер, мо.Валентинг Егел, мо. Иван Јосип Скендер, мо. Јосип Шего, мо. Матија Фортуна, мо. Миран Ваупотиќ, мо. Даријан Ивезиќ и други. И со режисерите Арнауд Бернард, Марио Понтиџа, Фабрицио Мелано, Озрен Прохиќ, Кристијан Романовски, Крешимир Доленчиќ и други.Горјана Стојановска е родена во Битола. На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште – Битола, лкаде што и матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултетот за музичка уметност во Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која и дипломира во 2017г, а во 2019г и магистрира.

Во 2018г се запишува и на усовршуавње на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан. Академијата успешно ја завршува во 2020 година. Горјана има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Во своето дејствување како пијанист има реализирано многу солистички рецитали во земјава и во странство, а во 2011 и 2014 г настапува како солист со Македонската филхармонија. Од 2021г работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.Биљана Јосифов е истакната македонска оперска пејачка – сопран, позната по нејзината вокална суптилност, музикалност и драмска експресивност. Родена во 1989 година во Крушево, таа своето формално образование го започнува во Битола, а го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што дипломира и магистрира со највисоки оценки и почести (Cum laude), во класата на проф. Славица Галиќ-Петровска. Својата оперска кариера ја започнува на само 18-годишна возраст, а денес е постојан солист на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Со повеќе од 70 оперски претстави зад себе и бројни концерти и рецитали, Биљана Јосифов се етаблира како еден од водечките сопрани во македонската музичка сцена и постојано го проширува своето уметничко делување на меѓународно ниво.

 

Related Articles