Во основното училиште „Даме Груев“ во Битола се одржа свеченото откривање на мурал во чест на Нешат Аземовски. Настанот беше организиран од неговото семејство, ООУ „Даме Груев“, и Ротари клуб „Битола-Широк Сокак“. Свеченоста започна со воведни говори од директорката Биљана Дамчевска-Бакиевска и претседателот на Ротари клубот „Битола-Широк Сокак“, Димитар Велковски, Билјана Ванчевска, кои го истакнаа значењето на Нешат Аземовски за заедницата и неговиот несебичен придонес кон истата.Следуваше емотивен говор од семејството на Нешат, кое изрази благодарност кон сите присутни и сите што го поддржале овој проект. Муралот, изработен од уметничките Ленче К. Јагоридовска и Дијана Колонџоска, содржи цртежи на Нешат кои ја одразуваат неговата љубов кон природата и животната средина. Уметничките ги истакнаа инспиративните пораки на Нешат и неговата визија за подобар свет. На настанот присуствуваа голем број граѓани, пријатели, членови на Ротари клубот, ротарактот, како и ученици и наставници од училиштето. Атмосферата беше полна со емоции, спомени и благодарност. За време на настанот се организираше акција за донирање училишен материјал и купување на цртежите на Нешат, со цел да се поддржи образованието и заедницата. Одзивот беше одличен, и сите донации беа прифатени со голема благодарност. Собрани се 9000 денари, како и училишен материјал за 20 ученици подарок од Rotary Club Bitola Shirok Sokak. Настанот беше успешен и ја потврди важноста на Нешат Аземовски за заедницата.
„Муралот не само што го разубави просторот на училиштето „Даме Груев“, туку и ќе продолжи да ги инспирира и едуцира идните генерации“, истакна семејството на Нешат: Фатма, Леона и Даријан Аземовски.