Home » Од директорот на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски: Им благодариме на хонорарците за помошта во решавањето на финансиските проблеми, раководството во соработка со Министерството за култура работи на изнаоѓање решенија

Од директорот на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски: Им благодариме на хонорарците за помошта во решавањето на финансиските проблеми, раководството во соработка со Министерството за култура работи на изнаоѓање решенија

by culturalchat
Деновиве во македонските медиуми се појави отворено писмо од поголема група хонорарни соработници на ИФФК „Браќа Манаки“ во кое тие ја информираат јавноста за неисплаќањето на средствата од страна на Агенцијата за филм кон ИФФК „Браќа Манаки“, средства кои Агенцијата беше должна да ги исплати пред пет месеци, и за долговите во кои „се дави“ фестивалот. Повеќето од овие луѓе живеат од својата хонорарна работа, со право си ги бараат заработените пари и го разбираме и го почитуваме нивниот напор да ни помогнат да ги разрешиме финансиските проблеми на фестивалот. Но, за волја на вистината, мораме да истакнеме дека писмото не потекнува од ИФФК „Браќа Манаки“, како што погрешно беше објавено, туку од споменатата група на хонорарни соработници, луѓе без кои фестивалот немаше да биде толку успешен и за што сме им бескрајно благодарни.
Раководството на ИФФК „Браќа Манаки“ веќе подолго време е во редовна комуникација со министерот за култура и туризам и знаеме дека се работи на изнаоѓање на одредени решенија.. Промената на раководното лице во Агенцијата за филм е едно од тие решенија и наскоро ќе биде назначен нов директор, а Министерството за култура и туризам и Владата прават сериозни напори да се откочат процесите во филмската дејност и ние тоа го почитуваме затоа што знаеме дека се грижат и се посветени на поддршка и помош на фестивалот и на филмската дејност во целост, како меѓународно најуспешна дејност во македонската култура во последниве години.
Разбираме дека наследените проблеми не се решаваат преку ноќ исто како што разбираме дека и членовите на фестивалскиот тим треба да ги израдуваат своите деца со новогодишни подароци.

Related Articles