Во Битола се одржа, Меѓународниот натпревар “Михајло Николовски” во организација на Здружението на музички теоретичари на Македонија, кое е со седиште во Битола, под претседателство на проф.Василчо Пецаковски.
На истиот се натпреваруваа учесници од сите средни и повеќе основни музички училишта од целата држава, како и студенти од факултетите за музичка уметност и тоа во категориите теорија на музиката, хармонија, контрапункт, солфеж и музички форми.
После 3 години пауза, Меѓународниот натпревар се врати со нови музички предизвици, кои поттикнаа мотивација и желба на натпреварувачите, за меѓусебно докажување со вештините и знаењата кои ги поседуваат. Оваа година, продолжија со нови сили, кои резултираа со поголеми успеси. „ Музиката претставува најубава комуникација а натпреварите се нашата инспирација“, велат од здружението.
Натпреварувачите ги оценуваше стручна жири комисија составена од реномирани професори. Учениците од државното музичко училиште од Битола и овојпат со бројни награди:
1.Од класата на проф.Александра Стојчевски наградени беа:
– теорија I клас:Леонид Јанковски I награда, Теодора Кулевска I награда, Кристијана Илиевска I награда, Магдалена Ковилоска II награда, Леон Дојчиновски II награда.
2. Од класата на проф.Василчо Пецаковски:
– хармонија IV клас: Михаил Јагуриноски I награда, Бојан Илиевски II награда, Ана Траунова II награда, Емилија Богоевска II награда, Ѓорѓи Димовски II награда, Анастасија Солунчевска III награда, Викторија Чавдаровска III награда, Ива Митреска III награда.
– музички форми III клас: Андреа Николовска I награда, Никола Милевски I награда, Николче Перкоски II награда.
3.Од класата на проф.Миле Трајковски:
– хармонија:Давид Стојчевски прва, Димитриј Стојчевски прва, Бојана Кузмановска прва, Дејан Наумоски прва, Јована Димоска прва, Николче Петкоски прва награда.
4.Од класата на проф.Вангел Мажевски:
– солфеж: Босилков Михајло прва награда.
5.Од класата на проф. Гордана Трајковска наградени беа:
– солфеж: ПРВИ клас:Илиевска Кристијана-прва, Ковилоска Магдалена-прва, Ристески Климент-втора.
ВТОРИ клас:Стојчевски Давид- СПЕЦИЈАЛНА награда, Стојчевски Димитриј- прва, Матеска Ана- прва, Петреска Анастасија- прва.
ТРЕТИ клас:Димоска Јована-прва, Петкоски Николче- прва, Блажевска Јана- прва.
ЧЕТВРТИ клас:Димовски Ѓорѓи-СПЕЦИЈАЛНА награда, Јагуриноски Михаил- прва, Богоевска Емилија- прва, Трсунова Ана- втора.
2. Претходно нејзините ученици постигнаа врвни резултати на Меѓународниот натпревар по солфеж во Марибор, Словенија и освоија:4 први награди и 1 втора награда.
II клас :Димитриј Стојчевски – прва награда, Давид Стојчевски – прва награда.
III клас:Јована Димоска – прва награда, Јана Блажевска – прва награда.
IV клас:Емилија Богоевска – втора награда.
„ Оваа година повторно имавме можност да го претставиме нашето училиште во најдобро светло на Меѓународниот натпревар по солфеж во Марибор, Словенија како и на натпреварот „Михајло Николовски“. На натпреварот во Словенија учениците имаа мелодиска, ритмичка и парлато вежба.Тие се далеку потешки вежби одколку на Државниот натпревар Скопје. За да можеме да се пријавиме на овие натпревари, дополнително работевме,но кога постои мотивација, упорност и желба за работа од страна на учениците,јас сум секогаш тука за нив. Мене посебно, ми значат овие награди и успеси, ми претставува многу голема радост“, ни изјави професорката Гордана Трајковска и додаде: „На крајот на годината токму натпреварите ни се доказ да видиме до каде сме и колку повеќе сме можеле да постигниме“.
Натпреварот „Михајло Николовски“ го доби своето име по истакнатиот македонски композитор, кој за својот опус и општествена дејност бил наградуван со многубројни награди и признанија.