По 17год. Битолскиот театар повторно се претстави пред сараевската публика, овојпат со претставата,, Демони“ во режија на Васил Христов. На фестивалот ,, Дани Јурислава Коренича” токму Христов ја доби наградата за најдобра режија ,,Јурислав Корениќ“.
За време на фестивалот публиката уживаше во изведбата на пет претстави од целиот регион, а стручното жири составено од претседателката Јасна Жалица и членовите Лариса Сарајлиќ-Рамовиќ, Аднан Лугониќ и Ален Шимиќ ги избра најдобрите.
Покрај Христов наградени беа: Наградата „Драган Јовиќиќ“ за најдобра претстава ја освои претставата „Нашиот клас“ на Градскиот драмски театар „Гавела“ од Загреб, Марко Петровиќ Његош ја доби наградата за најдобра сценографија за претставата „Без ресор“.Наградата „Жан Маролт“ за најдобар актер ја доби Енес Вејзовиќ, Владек од претставата „Нашиот клас“.Наталија Ѓорѓевиќ ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Рахелка во претставата „Нашиот клас.Наградата „Авазов змај“ за најдобра претстава, која традиционално ја доделува најтиражниот весник во Босна и Херцеговина „Дневни аваз“, годинава ја доби претставата „Без портфолио“ на Градскиот театар од Подгорица, по текст на Стеван Копривица, во режија на Бранислав Миќуновиќ.
Во претставата „Демони“, сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографијата – на Андреј Ѓоргиевски. Во истата играат: Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров. Претстава говори за длабоки интимни меѓучовечки односи, за домашното насилство, мизогинијата, траумите, загубата… љубовта…
Народниот театар од Битола последно се претстави во Сараево во 2005 год. на фестивалот Месс со претставата ,,Тимон од Атина”. Фестивалот ,, Дани Јурислава Коренича” се одржуваше од 16-ти до 23-ти декември.