Ова е видеоспотот за песната која годинава ќе нè претставува на 22-то издание на Јуниорскиот Евросонг. Младите и талентирани битолчани Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, ќе ја изведат песната „Маратон“ чиј автор е Лазар Цветковски, текстот на Магдалена Цветковска и на евровизиската сцена ќе застанат на 16-ти ноември во Мадрид, Шпанија. Видеоспотот е во комплетна продукција на Македонската Радио- телевизија и се снимаше на повеќе локации.Шпанскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос од спектакуларното шоу кое го подготвуваат домаќините ќе има на програмите на Македонската радио-телевизија. Ана и Алексеј се извонредно талентирани млади пејачи кои го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности кои никого не оставаат рамнодушен. За стајлингот се погрижи ЕЛЕНА ЛУКА.